9-годишно момче пронашло 5.000 долари додека чистело автомобил и постапило правилно

Момче од американската држава Индијана пронашло плик со голема сума пари скриени во новиот автомобил на неговите родители. Деветгодишниот Лендон Мелвин решил да го измие Шевролет Субарбан што неговите родители го купиле во септември на старо. Детето пронашло плик со пари под теписите.

Момчето го пријавило откритието кај својот татко. Тој беше скептичен во врска со оваа вест, бидејќи претпостави дека пликот содржи документи. Тој се шокирал кога погледнал внатре и ги видел банкнотите. Пликот содржел пет илјади долари.

Семејството ги контактирало претходните сопственици на автомобилот и им ги вратило парите.

Како награда за откритието, поранешните сопственици на автомобилот му подарија на момчето илјада долари. „Размислувам што можат да купат овие пари“, рече Лендон.