Грабеж на парите и здравјето на луѓето: Македонците од свој џеб платиле 16 милиони евра за ПЦР тестови

Секој кој е вработен знае дека дел од неговата плата иде за здравствено осигурување, но колку од нас го добиваат она што го заслужуваат „бесплатно“. Според сегашната официјална бруто плата, која изнесува 42.000 денари се одвојуваат по 170 денари дневно, или околу 4100 денари месечно, што влегува во годишниот фонд од половина милијарда евра во Фондот за здравствено осигурување.

Овој податок и многу други ги изнесе најновото истражување на СКУП Македонија, Центарот за истражувачко новинарство. Соговорниците во ова истражување ситуацијата со здравството во Македонија ја нарекуваат „пљачка на сопствениот народ“.

Ако земеме во предвид дека фондот само за лекови на Клиничкиот центар од Љубљана, Словенија е поголем од вкупниот македонскиот здравствен фонд ќе сфатиме дека имаме огромен проблем. Познавачите на здравство велат дека можеа да се спасат повеќе човечки животи да не беше корупцијата и лошото управување со состојбата.

Погледнете го истражувањето и извлечете го заклучокот и сами.