Дали сте слушнале за заспаниот вулкан на Македонија, од кој луѓето стравуваат дека ќе се „разбуди“?

Дали некогаш сте си помислиле како изгледала Македонија во далечното минато? Дали имало вулкани, густи шуми, вода или пак пусти места? На едно од прашањата денес ќе ви дадеме одговор, во секој дел од Македонија некогаш имало вулкани. Денес се издвојуваат седум области на згасната вулканска активност. Но, сепак ниту еден од нив не предизвикува сомнежи и возбуда како овој еден вулкан.

Вулканските ерупции во минатото биле едни од наголемите за тоа време. Трагите од овие древни вулкани можат да се најдат и на наша територија. Запознајте го заспаниот вулкан Дувало или Коселска Чадилка. Овој вулкан се наоѓа во близина на селото Косел, во сливот на Коселска Река која се влева во Охридското Езеро.

Вулкан или дупка со гасови?

Уште не е целосно расчистено за што станува точно збор. За време на Југославија во учебниците се учело дека Дувало е ретка геолошка појава, единствен активен вулкан на Балканот. Според Институтот за географија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, Дувало не е вулкан, тука немало излевање на магма, туку пукнатина од која излегуваат гасови. Овој вулкан последен пат бил активен пред 16 милиони години.

Смрдеа која само жителите можат да ја поднесат

Дури и името на селото Косел, според една легенда потекнува од зборот што на турски значи сулфур. Во Османлиско време од оваа сулфурна земја се преработувал барут, пред Илинденското востание трговци од Солун го снабдувале за изработка на експлозив, па дури и Римјаните го користеле за правење на некој тогашен вид на кибрити.

Мирисот на расипано јајце може да се почувствува и во самото село, а во одредени периоди, особено кога врне, и на неколку километри од самото место Дувало. Многу луѓе не можат да ја издржат оваа миризба, но жителите велат дека се навикнале. Тие дури велат дека многу луѓе одат до дупката за да се лекуваат и велат дека ова им успеало на многу луѓе. Наводно Дувало најмногу помагало за лечење на хемороиди.

Миризбата единствено предизвикува штета на електричните апарати, посебно оние кои содржат инсталации од бакар. Сулфурот ги нагризува инсталациите во нив.

Опасност или не?

Во 2014 година, жителите на Косел кренале тревога, затоа што од Дувало почнал да излегува густ чад. Тие се исплашиле дека можеби вулканот се активира и ова е знак за сеизмичка активност. Тогаш на самото место дошле претставници на Центарот за управување со кризи кои заклучиле дека нема опасност за жителите на Косел и за Охрид и дека немало никаква сеизмичка активност.

Сепак серија земјотреси отвориле и нови „Дувала“ во околината на Охрид. Сепак научниците велат дека нема простор за паника и дека ваквите појави се сосема нормални.