Страв насекаде: Илјадници луѓе бегаат од градот Гома во Конго, по неочекуваната вулканската ерупција

Властите на Конго во четвртокот наредија делумна евакуација на градот Гома, кој беше потресен од стотици земјотреси и претрпе големи пукнатини на земјата по неочекуваната вулканска ерупција. Според ООН, повеќе од 20 000 луѓе останаа без покрив над главата и 40 лица се уште се водат како исчезнати од вулканската ерупција, со која се излеаја реки лава кон Гома. При тоа загинаа најмалку 31 лице и беа уништени над 3000 домови.