Историјата позади потеклото на имињата на македонските маала

Маалата за време на Османлиското влијание претставувале квартови наменети за живеење, а неретко и административни единици. Малата ги опкружувале чрашиите, односно трговските центри во градот. Самиот збор маала има арапско потокло и значи престојувалиште. Ние со вас ќе ги споделиме имињата на градските маала во Македонија.

Скопје во минатото било поделено на голем број мала, истражувачите до денес не можат да се дооворат за точната бројка. Некои велат дека имало 70 маала, некои 40, а според анализите на имињата и потеклото на старите турски фамилии се верува дека постоеле 25 маала со турско население.

Меѓу двете светски војни административната поделба на населението во Скопје била онаа на левата и десната страна на Вардар. На левата страна се наоѓале Чаир маало, Топаана, Карадаг маало, Ибни маало,  маалата Хаџи Хајредин, Хаџи Хурем, Мујкудин Челеби, Џедит Иса бег, Тешвекије и Ново христијанско маало. Додека на десната страна на Вардар се наоѓале: Тахталиџе, Маџари маало, Киришана, Чивчин маало, Вардар или Мухаџир маало, Хамдије маало, Дебар маало и други.

Во Охрид маалата се нарекуваат: Воска, Канео, Варош, Кошишта, Месокастро, Хаџи-Касум, Сурѓун, Хаџи-Дургут, Кара-беј, Крс-џамија, Емљак, Ејуп Сабри, Долно Влашко маало, Трсје (Сазлак), Детски додаток и Горно Влашко маало.

Во Битола маалата се нарекуваат: Доган, Салаташ, Баир, Емир-челе, Шедрван, Кјучук, Јени или Ѓене Маало, Арнаутска, Еврејска, Влашка, Бела чешма, Ат-пазар, Драгор и др.

Во Прилеп маалата се нарекуваат: Варош, Бончејца, Монополска, Стара црква, Арнаутска, Долна, Врбеска, Дебојска, Турска, Бабачка, Ридска, Плетварска, Трајкова и т.н.

Во Гевгелија маалата се нарекуваат: Сташон, Ѓупска, Карајанова, Чаушева, Дере и Нова.

Во Струмица маалата се нарекуваат: Чифлик, Варош, Ѓупска, Маџирска, Бабјак, Карпош, Бациева, Топуска, Ајданџик и др.

Во Кавадарци маалата се нарекуваат: Шкартовска, Река, Мухаџирска, Полјанска, Црквенска, Шошевска, Кадрова, Крива чешма, Желков дол, Огради, Штали и Нова.

Во Неготино маалата се нарекуваат: Прчова, Црквенска, Долна, Дисанска, Кавадарска, Грнчарска, Нова или Станица, Тимјанечка, Турска или Преку-река.

Во Дебар маалата се нарекуваат: Варош, Хунќар, Вакуф, Бајрам-бег, Тикварце, Долна и Ковачска.

Во Кичево маалата се нарекуваат: Горна, Варошка, Чишличка, Текијска, Џума, Железничка станица, Игралиште и Циганска.

Во Крушево маалата се нарекуваат: Влашка, Струнга, Арнаутска, Горна, Мијачка и Ѓупска.

Во Гостивар маалата се нарекуваат: Стара пошта или Каурска, Циганска, Чинар, Батак, Бег, Нова, Дебарска и Јурија или Прекувардарска.

Во Тетово маалата се нарекуваат: Горна, Колтук, Јајчарова, Два бреста, Долна, Текијска, Поток, Циганска, Нова или Џидитска, Каљукова, Конлук, Саат, Гамгам џамија, Сељчу-бег, Салаана и т.н.

Во Куманово маалата се нарекуваат: Џами маало, Орта-бунар маало, Варош маало, Мехмедбегово, Ендек маало, Горно мухаџирско, Бедињско, Велешко маало, Варош-изир маало, Карапско, Теќе, Ново маало, Татар маало, Липковско и Пиротско

Во Кратово маалата се нарекуваат: Турска, Табачка, Циганска, Султан Мурат, Царина, Чаир и Аргулица.

Во Велес маалата се нарекуваат: Којник, Прцорек, Баир, Дворови, Дервент, Мегдан, Попара, Влашка, Пашина, Егејска, Житен пазар, Железничка станица, Долни дуќани и т.н.

Во Свети Николе маалата се нарекуваат: Аџи-ефендиска, Чакрдекова, Пекмезова, Чешминска, Маџирска, Рајатска, Црквенска и Бојковска.

Во Штип маалата се нарекуваат: Грнчарска, Тумба, Ново село, Хисарска, Варошка или Црквена, Стари конак, Казанџијска, Еврејска, Бело брдо, Ашаји, Кади дере, Куршумли џами (подоцна Гимназиска маала), Медин-баба (подоцна Св. Илија маала), Синан-бег ( подоцна маала Пролет), Шедрван, Тузлија, Горна, Пошта и Делијаница.

Во Ресен маалата се нарекуваат: Црквенска, Сачијовска, Река, Влашка, Арнаутска, Циганска и други.

Во Кочани маалата се нарекуваат: Турска, Стришина, Доклевац, Циганска, Нова или Банкарска.

Во Виница маалата се нарекуваат: Дере или Сува маала, Чифлик, Горна, Циганска, Нова или Банкарска.

Во Радовиш маалата се нарекуваат: Варош, Шеи, Погорелска, Кодрабеј, Џами-кебир, Амам, Кавакли, Арданска, Егејска, Ајанска, Гавритска, Тикетска, Бокли сокак, Казанџијска.

Поголемиот дел од маалата носат имиња на географски објекти, или градби што се наоѓаат во или околу населеното место, но некои имињата ги добиле и според познати личности кои живееле во нив, занимање на населението или етничката припадност. По ослободувањето од Турците во 1912 година жителите почнале сами да ги менуваат имињата на маалата, а често се случувало и спојување на помали маала во поголеми.