Храбар брачен пар направи „филмска потера“ за да спаси 11-годишно девојче од киднапер
11-годишната Шарлот Мока се симнувала од училишниот автобус во 13:26 часот и набргу била киднапирана од страна на 24-годишниот Мајкл Родригез.
Полицијата веднаш издала Амбер предупредување и општ опис од автомобилот и киднаперот им бил откриен на јавноста.
Брачниот пар, Аманда и Боби Дисли биле во нивниот автомобил кога одеднаш забележале автомобил сличен на тој што го опишала полицијата, а внатре во него имало необични движења како некој да сака да избега. Така тие без да бидат целосно сигурни околу 18 часот решиле да се пуштат во потера на автомобилот и се јавиле веднаш во полиција за да им објаснат во кој правец се движи.
Аманда возела 160км/ч со цел да не го изгуби киднаперот, кој постојано се обидувал да им избега. Таа вели дека е многу задоволна од полицијата која дошла во голем број благодарение на нејзиното постојано детално опишување за тоа каде се наоѓаат и во кој правец одат.
Наскоро полицијата го пресретнала Родригез и тој бил уапсен и одведен пред суд, а потоа и во притвор. Полицијата изјавила дека за време на киднапирањето женско лице го возело автомобилот, додека Родригез одел зад девојчето и одеднаш го турнал во автомобилот. Сепак за време на спасувањето само Родригез бил во автомобилот и за неговата соучесничка допрва ќе се истражува.
За среќа 11-годишната Шарлот немала физички повреди, а полицијата го пофали храбриот пар за нивната несебична жртва, да помогнат во ваква опасна ситуација.