7-годишно момче ѝ напишало страшно проштално писмо на учителката, откако другите ученици цели 10 минути го тепале во школскиот двор
Кога Џек Вилкинсон веќе не можел да се справи со немилосрдното малтретирање и сурови шеги тој од очај напишал проштално писмо и го оставил на катедрата на својата учителка.
7-годишниот второодделенец ги напишал следниве морничави зборови: „Боже те молам земи ме“.
Само неколку недели пред тоа, тој бил тепан 10 минути од еден негов соученик, откако долго време бил мета на училишните насилници. Неговата мајка Кристи вели дека на Џек му била дијагностицирана анксиозност уште во млада возраст и постојано се бори со суровите постапки на неговите соученици.
Додека другите деца претходно му велеле дека е „луд“ и го задевале, уште од првиот ден кога тргнал во второ одделение малтретирањето станало физичко и крајно насилно. На првиот ден му ставиле сопка, постојано го удирале, а ситуацијата кулминирала кога на игралиштето дете го клоцало 10 минути и го изболо со пластична вилушка во грбот.
Неговата мајка вели дека тој се враќал дома плачејќи, молејќи ги своите родители да не се враќа повеќе на училиште. Тој и дома на својата перница напишал: „Не сакам да бидам жив.“ Откако мајката и неговата учителка сфатиле колку сето ова му паднало тешко на Џек решиле да го извлечат од мрачното место.
Тој почнал да оди на терапија, а неговата мајка која има фирма за конфекција решила да го инспирира нејзиниот син повеќе да го сака животот. Таа знаела дека Џек многу сака да црта и дека тоа е единствената работа која го смирува. Кристи го прашала дали сака да направи повеќе со своите цртежи, а тој одговорил потврдно. Кристи ги става цртежите на маици и истите ги продава, а собраните средства одат за организации за здравјето и благосостојбата на децата.
Џек сега е многу посреќно дете има пријатели и го сака животот. Сепак Кристи се плаши дека сѐ уште има многу деца кои не се забележани од околината или пак нивните родители не ги сфаќаат доволно сериозни и нивното ментално здравје постепено се влошува.