10 кратки вицови за убаво викенд расположение
Плавушата:
– Ало, се јавувам заради огласот што го видов. Вие продавате автомобил, па пишуваше „јавете се“.
– Да, кажете?
– Нема да го купувам!
– – – – – – –
Во црешите има црви, само ако ги проверувате! Инаку нема…
– – – – – – –
– Докторе, зошто ме натеравте да го исплазам јазикот, а не го ни погледнавте? – прашува пациентката.
– За да можам да го напишам рецептот на тишина.
– – – – – – –
– Драги, сали да си ја офарбам косата црвена?
– А зошто?
– Сакам да направам нешто необично со главата…
– Па тогаш прочитај една книга!
– – – – – – –
– Госпоѓо, колку години имате? – прашува судијата.
– Па, наполнив триесет… – шепоти жената.
– Добро, добро! Во која година наполнивте 30?
– – – – – – –
Секоја жена доаѓа до дилемата:
– Да го чака ли уште принцот, или да преспие со слугата?
– – – – – – –
– Докторе, имам прашање. Сопругот ми е стерилен од дете. Кажете ми, може ли некој од нашите три сина да го има истиот проблем?
– – – – – – –
За разлика од мажот, жената е готова со заклучоците уште пред да започне разговорот.
– – – – – – –
– Нате, каде го најде тој богат маж?
– Во супермаркет!
– Е како процени дека е богат?
– Си стави маска на влезот, а кога излезе ја фрли во канта…
– – – – – – –
– Келнер, отвори ми едно пиво…
– Ок!
– Колко чини?
– 150 денари…
– Затвори го!

