Не е лесно да планинариш низ Македонија: Фотограф фати застрашувачки, но во исто време и прекрасен момент на Шар Планина
Планинарењето ни носи еден нов вид на сплотување со природата и впивање на нејзините убавини. Македонија е богата со вакви места каде што секој ќе може да го пронајде својот мир. Шар Планина е едно од најдобрите места за секој кој сака да види природа која остава без здив, долината Лешница, заедно со вториот највисок врв Бакардан е честа „мета“ на многу планинари.
Александар Алексовски е талентиран фотограф и актер, а во исто време и вљубеник на природата. Тој постојано патува на различни дестинации низ Македонија и ни ги прикажува природните убавини преку неговиот објектив. Но, кога тргнал на планинарење низ Шара, Александар не се надевал дека ќе биде сведок на ваква во исто време неверојатна и застрашувачка глетка.
Александар ни го раскажа своето патешествие: „Додека заедно со Андреа го искачувавме врвот Бакардан, одненадеж под врвот претрча мечка заедно со малечко мече. Воопшто не очекував да видам мечка на таа висина и само зачудено ѝ кажав на Андреа дека на видик пред нас има мечка. Андреа најпрвин изреагира со помисла дека се зезам и не ми поверува додека и таа не ги примети. Првата помисла ми беше конечно да видам мечка во природа, бидејќи уште претходно сакав да се сретнам со некоја.“
„Втората помисла што ми помина беше има малечко мече, во тие ситуации знаат да бидат многу агресивни за да го заштитат малечкото. Во тој момент мечката на кратко погледна во правец каде што бевме ние и продолжија со мечето заедно да трчаат во спротивна насока. На момент почувствував олеснување и воедно потреба да тргнам накај апаратот за да ја сликнам заедно со малото мече. За среќа успеав навремено да изреагирам и да го зачувам овој посебен момент во форма на фотографија.“
За среќа на Александар и Андреа, мечката избрала да си продолжи по својот пат. Навистина е неверојатно да се види вакво нешто, а уште поинтересно кога ќе се овековечи моментот со фотографија. Меца очигледно научила да ги прифаќа планинарите во својот „дом“, но како и да е секогаш треба да се биде внимателен кога се патува низ планините.
Погледнете како Александар ја опфати играта на облаците на врвот Карабунар:
View this post on Instagram
Смеењето е најслатко кога е на своја сметка. Дознајте какви несекојдневни работи се случуваат во секојдневниот живот на Македонците на каналот Македонски несекојдневни ситуации. Испратете своја смешна слика или видео овде.