7-те најубави фудбалски игралишта во светот

Фудбалските натпревари се играат на истите правоаголни терени на трева низ целиот свет. Што тогаш ги прави магични? Неверојатни места каде што се направени!

Гспон, Швајцарија

Највисокото фудбалско игралиште во Европа се искачува на надморска височина од околу 2000 метри во Швајцарија, а е дом на аматерскиот фудбалски клуб ФК Гспон во Гспон. Името го носи по фудбалерот Отмар Хицфелд, а многумина привлекува со својата необична позиција – опкружена со планини и недопрена природа.

Хенингсвар, Норвешка

Рибарското село Хенингсвар во архипелагот Лофотен во Норвешка крие едно од најубавите фудбалски игралишта во светот. Многумина се прашуваат како фудбалерите од еден локален клуб можат дури и да играат опкружени со таква убавина?

Ал Хаџар, Оман

Продуцентската куќа изгради фудбалско игралиште за снимање на видео запис за една популарна марка автомобили на планините Ал Хаџар во Оман во 2016 година. Кога завршило снимањето, тие го напуштиле фудбалскиот терен „среде никаде“. Денес го користат деца од околните села.

Кегертарауку, Гренланд

Фудбалскиот терен во Кегертарауку во Гренланд е чудо за светот. Секако е направен од вештачка трева и е опкружен со скршени парчиња глечери.

Махибадху, Малдиви

Фудбалот е популарен спорт на Малдивите, а фудбалските терени се наоѓаат на неочекувани места. Како што е случај со ова игралиште покрај песочната плажа на островот Махибадху.

Еиси, Фарски Острови

Фудбалското игралиште Еиси се наоѓа покрај морето и е опкружено со планини во истоименото село на Фарските острови. Само околу 700 луѓе живеат тука. Порано беше главно игралиште на фудбалскиот клуб Стрејмур, денес се користи како место за кампување на туристи. И покрај ова, сè уште ве остава без здив заради тоа каде се наоѓа.

Сутомишчица, Угљан, Хрватска

Поради близината на морето, стадионот е опкружен со специјална мрежа што спречува губење на фудбалска топка во големото синило на Хрватска. Го користат фудбалерите на НШК Св.Миховил.