Како изгледа градот што се наоѓа во центарот на универзумот каде што живеат само двајца жители

Станува збор за градот Фелисити, Калифорнија, САД, основан во 1986 година од Џек-Андре Истел, кој исто така е градоначалник на градот. Истел го нарекол малиот град по неговата сопруга Фелисија која е единствениот друг жител.

Корисникот на ТиктТок, Тревор Рогелстад, го посети мистериозното место за време на патувањето со партнерот, снимајќи разни атракции вклучувајќи скали што не водат никаде и 21-метарска пирамида, што според жителите на градот е центар на универзумот.

Двојката дури и сними еден од двајцата жители, иако од далеку не е нејасно дали станува збор за г-дин или г-ѓа Истел.

И покрај малата популација, Фелисити има црква, гробишта, па дури и лавиринт инспириран од детската книга на Истел „Коу Добриот змеј во Центарот на светот“.

Градот исто така може да се пофали со Музејот на историјата во Гранит, за кој се вели дека е прилично интересен, но можеби најфасцинантниот дел за Фелисити е тоа што се вели дека се наоѓа во самиот центар на иниверзумот, а пирамидата го означува точниот центар.