Најнеобичната средба во 2021 досега може да резултира со појава на нов суперхерој во Ватикан
Човек облечен како Спајдермен присуствуваше на обраќање од страна на папата Францис, во Ватикан на, 23 Јуни. Не е јасно дали возел до таму или се довлечкал на пајакова мрежа.

На фотографиите се гледа како папата Францис се поздравува со легендарниот лик од стрипот, а Спајдермен му подарува на 84-годишникот маска иста како неговата. Дали ќе ја носи за време на неговите литургии останува да видиме.

Човекот позади маската е Матија Вилардита од северна Италија кој работи со болни деца, посетувајќи ги облечен како суперхерој.
