Пеколот пристигна во Македонија: Еве како да преживеете тополотен бран!

Очигледно е дека ова е прилично жешко лето со страшни температури кои не можете да ги сакате освен ако не сте некое пустинско животно или растение. Сите сакаме да „преживееме“ во ваквите времиња и да си го сочуваме нашето здравје. ОВие неколку совети ќе ви помогнат да останете безбедни за време на топлотен бран, кога излегувањето од дома е невозможна мисија.

Еве што можете да направите доколку немате клима или не сакате да е вклучена по цел ден. Користете вентилатори за да ја подобрите циркулацијата на воздухот во просторијата. Во вечерните часови отворете ги вратите и прозорците и вклучете го вентилаторот за да го „истурка“ топлиот воздух од просториите. Додека кога ќе изгрее сонцето затворете ги сите врати и прозорци, како и ролетни и завеси за а просторот остане ладен што подолго. Кога надворешниот воздух ќе се намали на пониска температура отколку внатре (обично доцна попладне или навечер), отворете ги прозорците и повторно вклучете ги вентилаторите.

Искористете ја моќта на ладење на водата. Наполнете кофи или пластични садови и ставете ги нозете во вода. Влажните крпи и банданите можат да имаат ефект на ладење кога се носат на рамената или главата. Исто така можете да ставите вода во спреј-шише за да се разладувате во текот на денот. Доколку можете туширајте се со посвежа вода.

Одете на долните катови. Бидејќи топол воздух се крева, горните спратови од куќите ќе бидат потопли од долните. Подрумот може да биде кул прибежиште од пладневната топлина.

Елиминирајте ги дополнителните извори на топлина. Сијалиците можат да создадат непотребна топлина, како и компјутерите или апаратите што остануваат да работат. Јадете свежа храна за која не е потребно да користите рерна или шпорет за да ја подготвите.

Запомнете да одржувате соодветно ниво на хидратација, што значи дека ќе треба да конзумирате повеќе вода отколку обично кога е жешко. Ако обилно се потите, исто така ќе треба да ги замените електролитите со јадење мала количина храна со вашата вода или со пиење специјално формулирани напитоци за замена на електролити.

Запомнете дека треба да пиете вода пред да бидете жедни! Жедта е првиот знак на дехидратација; треба да пиете доволни количини на течности пред да бидете жедни со цел да спречите дехидрација.

Избегнувајте алкохолни пијалоци и кофеин, бидејќи и двете од овие супстанции можат да дејствуваат како диуретици и да промовираат дехидрација.

За домашен систем за „климатизација“ можете да ставите сад полн со мраз пред вашиот вентилатор.

Обидете се да ги посетите јавните згради со клима уред во најжешките часови од денот ако топлината стане неподнослива. Библиотеките, трговските центри и кината може да бидат добри места за разладување.

Не јадете големи оброци богати со протеини кои можат да ја зголемат метаболичката топлина и да го загреат телото.


Бидете во можност да ги препознаете симптомите на болести поврзани со топлина и вистински итни ситуации на топлина (топлински грчеви, осип на топлина, исцрпеност на топлина, топлотен удар).

За крај, запомнете дека и домашните миленици страдаат кога температурата се зголемува. Разладувањето на миленичињата (кучиња, мачки, зајаци) со свеж туш ќе им помогне да ја намалат телесната температура. Исто така можете да им ставите мокар ладен пешкир на плочките на кој ќе можат да лежат. Осигурајте се дека ќе пијат многу вода. Знаци на топлотен удар кај домашно милениче се:

  • брзо задишување,
  • широки очи,
  • многу лигавење,
  • топла кожа,
  • грчење на мускулите,
  • повраќање и
  • зашеметен поглед.