Овој „Тарзан“ од Виетнам не знаел дека постојат жени дури 41 година

Ова е неверојатна приказна за Хо Ван Ланг, кој сега има 49 години и живее со неговиот татко Хо Ван Тан во мало село во Виетнам, откако беа „спасени“ од животот во џунгла.

Ланг, неговиот брат Три и нивниот татко избегале подалеку од цивилизација за време на Виетнамската војна во 1972 година.  Дури и сега неговиот татко има „ фобија од враќање, бидејќи не верува дека војната во Виетнам е завршена“ и се надева дека ќе се врати во џунглата некој ден.

Ланг 41 година од својот живот поминал во џунглата во Виетнам, во областа Тај Тра во провинцијата Кванг Нгаи. Тој е вешт ловец, без разлика дали станува збор за мајмун, змија, гуштер, жаба или друго суштество.

На прашањето дали знае што е жена, тој рекол дека неговиот татко никогаш не му ги објаснил, но дека видел неколку жени во селото откако бил „спасен“ пред 8 годинни.

Алваро Серезо, кој го следеше семејството уште во 2015 година, рече: „Тие секогаш бегаа кога гледаа луѓе“.

Недостатокот на социјални вештини е една од поголемите пречки што треба да ја надмине Ланг. „ Уште е изненадувачки што денес, и покрај тоа што може да прави разлика помеѓу мажи и жени, тој сè уште не ја знае суштинската разлика меѓу нив“, рече Церезо.

„Можам да потврдам дека Ланг никогаш немал минимална сексуална желба и неговиот репродуктивен инстинкт никогаш се изразил“, додаде тој.