Жена му даде добар одговор на мажот кој ѝ рече дека ќе биде „совршена ако ослабе малку“
Разговорите на апликации за состанување знаат да бидат непријатни, но кога една личност ќе започне со навреди, може да кажеме дека сите пеперутки во стомакот ги снемува во секунда.
И покрај ова, некои надежни поединци се одлучуваат да користат навреди, или во овој случај „конструктивна критика“, за да се обидат да го освојат срцето на нивниот соговорник. Кети Леси јасно ни даде до знаење дека овој метод не функционира.
@katielacieHe had the credentials to body shame me though. ##onlinedating ##tinder ##bumble ##dating
Кети, која работи како психолог, редовно го користи ТикТок за да сподели детали од нејзиниот свет на запознавање потенцијални партнери преку интернет. Најновиот соговорник за кого зборува на ова видео и испратил порака која гласела: „Ќе бидеш совршена доколку ослабеш малку. Многу си убава“. А потоа додава дека е фитнес тренер и дека дава само „конструктивна критика“.
На ова Кети иронично одговара дека ја прифаќа „критиката затоа што тој има „акредитација да ја навредува нејзината фигура затоа што е тренер“, а потоа додаде дека тој би бил совршен „ако е друга личност“. На тренерот очигледно не му се допадна овој коментар, но Кети му објасни дека таа е психолог и има „акредитација“ да даде „конструктивна критика“ за нековиот карактер.
