Ова куче е покултурно од повеќето луѓе што ги познавате

Кучето избегало откако се исплашило од огнометот кој го организирале соседите. 8 часа подоцна тоа се вратило дома и на видеото можеме да видиме како скока кон камерата и со носот го притиска ѕвончето. За разлика од повеќето луѓе кои се враќаат дома во раните утрински часови овој авантурист на културен начин им даде до знаење на сопствениците дека е дома.

Сопствениците го споделија видеото од нивната безбедносна камера и напишаа „Нашето куче кое отиде на 7.5 часовна авантура ни заѕвони на врата во 3 часот по полноќ за да не извести дека е дома“.