Причини зошто хуморот е клучот за да се одржи љубовта во вашата врска
Ако ги наведеме карактеристиките што ги посакувате кај потенцијален партнер, „добрата смисла за хумор“ веројатно би завршила високо на вашата листа. Низ историјата, мажите се обидувале да ги шармираат дамите со својот хумор, и речиси секогаш успевале.
Хуморот во една врска е меѓу најважните работи а ние ќе ви кажеме зошто.
Хуморот е одличен за почеток на романса.

Истражувањата покажаа дека жените се поподготвени да ги дадат своите телефонски броеви на луѓе кои кажуваат шеги. Добара шега веднаш асоцира на интелигенција, креативност, социјална свест, топлина и дружељубивост – особини што сите ги сакаме кај партнерот.
Хуморот ни овозможува полесно да се справиме со конфликти.

Ништо не ја намалува напнатоста како добро темпирана шега. Дури и кога сте лути на вашиот партнер, тешко е да не се насмеете на добра шега. Хуморот создава многу попријателско опкружување, а вие сте повеќе подготвени за компромис.
Хуморот ве зближува.

Колку и да звучи глупаво, шегата и смеењето се докажан знак на взаемен романтичен интерес. Кога се смеете заедно, создавате позитивна врска помеѓу вас. Се чувствувате добро кога вашиот партнер ве слуша, ја разбира вашата шега и се смее на неа, дури и ако, објективно, шегата е многу лоша.
Хуморот ви помага да поминете низ тешки времиња.

Познато е дека смеењето го намалува нивото на стрес, го подигнува расположението и ве прави поотпорни. Одлично е да имате некој што секогаш може да ве расположи. После долг ден на работа, доволно е да се смеете со саканата личност и да го тргнете умот од работите што ве мачат.
