Луѓето споделуваат кои кариери изгледаат гламурозно однадвор, но се вистинска ноќна мора
За да успеете во овој натпреварувачки свет, мора да направите паметни избори на почетокот на вашата кариера. Или барем тоа нè учат уште од рана возраст. Затоа, не е ни чудо што повеќето од нас се споредувале со другите во одреден момент од животот.
Според една неодамнешна студија, повеќе од 75% од луѓето пријавиле чувство на завидување кон некого во последната година. Но, што ако некои работни позиции не го заслужуваат тоа болно вознемирено чувство?
За да се расветли како ние гледаме на одредени професии, луѓето споделуваат кариери кои „всушност се кошмар“.
Ветеринар

Лудо, конкурентно школување што ќе ве осакати со долг, со депресивен долг.
Повеќето од вашите пациенти не ве сакаат, а повеќето од сопствениците мислат дека се збогатувате со непотребни услуги и дека ракот на очното јаболко во нивните кучиња може да се излечи со сурови органски егзотични масла како cbd или кокосово масло.
Голем стрес, каснат плати, долго работно време, депресија.
Балерина

Родителите трошат десетици илјади (или повеќе) на обука. Повеќето танчери што ги гледате на сцена во балет плаќаат да бидат таму. Откако ќе плаќате да танцувате неколку години, можеби ќе можете да добиете позиција што ви плаќа со неколку пара чевли. Дури потоа можеби ќе бидете унапредени на најниско ниво каде што добивате плата од 20 000 долари годишно и немате здравствено осигурување. Сè тоа додека го „мачите“ вашето тело.
Полицаец

Влегов на академија со наивно верување дека ќе правам нешто добро. Сакав да ги заштитам луѓето и да ја направам мојата заедница побезбедна. Наместо тоа, го видов најлошото што човештвото може да го понуди. Да видиме дали можам да ги набројам сите негативни страни:
Во повеќето оддели се вработени арогантни кретени со големо его, кои сакаат да се прават паметни на други офицери или на јавноста, а не ни знаат да читаат.
Многу службеници имаат сериозни проблеми со гневот.
Нивото на неспособност е запрепастувачко, а некои офицери едвај го познаваат огненото оружје што го носат секој ден.
Наставник

Мислам дека луѓето знаат дека е за никаде, но сепак идејата да се станете учител и да го промените животот на децата постои кај многу луѓе и за жал, тоа не е така. Многу тажната вистина е дека не е важно колку ви е гајле, има толку многу луѓе кои сакаат само да ја направат вашата работа невозможна.
Доктор

Мојот најблизок пријател е доктор, тој нема живот надвор од работата.
Модел

Премногу конкуренција и недоволно храна.
Политички службеник

Повеќето работни места во политиката плаќаат многу малку пари и бараат да работите 80+ часа неделно за шеф на кој сигурно има огромно его. Исто така, треба да барате нова работа по секои избори.
Радио водител

Како и многу други работни места во медиумската индустрија, тоа е работа со полно работно време, а плаќат како за скратено работно време. Често работиме по две работи. Вашиот доставувач на пица можеби е вашиот омилен водител на утринската емисија!
Архитект

Повеќето луѓе не го завршуваат образованието и проблемите со менталното здравје се доста сериозни. Има многу критики и стресови на почетокот, многу непреспиени ноќи и напорна работа. Образованието е многу тешко и скапо, а реално нема потреба за тоа, не е дека ќе спасувате нечив живот утре.
Глумец

Нема сигурен пат во бизнисот. Може да сте дипломиран глумец и пак некој харизматичен дечко да ви ја земе улогата. Треба да работите и работите дур не ве забележат, ако некогаш ве забележат. И после тоа што? Цел живот се подготвувата за улога, ослаби 5 кила, здебели се 10, офарбај се вака, изгледај онака…
