Во штикли на планина, за добротворни цели: Две гламурозни англиски дами направија вистински подвиг на кој ретко кој би се нафатил

Ема Вудхал (35) и Корин Мареј (42) ја фрлија својата вообичаена облека за планинарење и решија да го привлечат вниманието на јавноста со својот необичен подвиг. Се дотераа во фустани за излегување, се качија на штикли од над 10 сантиметри и тргнаа до врвот на блиската планина.

Сите што ја следеа нивната мисија донираа средства за да им помогнат на женските здруженија. Сумата која што ја собраа не беше голема, 500 фунти, но добредојдена.

Ема призна: „Навистина мислев дека ќе биде многу полошо. Ги одбрав штиклите кои ми се најзгодни за носење и ги имам веќе неколку години.“

„Ни требаа само 90 минути за да ја поминеме патеката од 868 метри и тоа со само пет минути одмор.“