Враќање во рајот: Тајландскиот остров Пукет повторно се отвори за меѓународниот туризам
Ајде луѓе, пакувајте ги куферите! Од 1 јули, тајландскиот остров Пукет е повторно отворен за туристи, но само за вакцинираните. Земјата, чии граници се затворени од март 2020 година, почна постепено да се отвора за туризмот, сектор кој сочинува скоро 18% од нејзиниот бруто домашен производ, привлекувајќи околу 40 милиони посетители годишно.
Отворањето симболично започна од популарниот „Рај на земјата“, островот Пукет, а сите други делови на земјата се планира повторно да се отворат во октомври.