Жена мислела дека е во GTA и имала необичен обид за „бегство“ од полиција
Една жена е уапсена откако наводно украла камион, удрила во повеќе автомобили, се обидела да ги прегази полицајците во рикверц и на крајот застанала во Мекдоналс да си купи за јадење.
Според полицијата во Ворчестер, Англија, 38-годишна жена конечно била приведена по дива полициска потера откако застанала да нарача храна.
Полицијата била повикана поради пријава за украден пикап во вторникот наутро, на 6 јули. Сопственикот во своето возило имал поставено ГПС тракер, а додека биле на пат да го пресретнат украденото возило службениците биле сретнати од друг возач кој пријавил дека бил удрен од истото возило само неколку минути порано.

„Полицаецот ги активираше своите сини светла, излезе од својот автомобил и се приближи до украденото возило“, изјавија од полицискиот оддел Ворчестер. „ Осомничената се одалечи кога го здогледа службеникот, па тој се врати во автомобилот и следеше „трка“.
Во обид да се извлече од полицијата, осомничената, наводно, поминувала на црвени светла, па дури и излетала од патот неколку пати. Откако го следеле возилото неколку блока, полицијата на крајот ја прекинала потерата од безбедносни причини, но набргу потоа имале уште една шанса да ја пресретнат жената кога таа се судрила со комбе и застанала.
Според изјавата на полицијата, кога полицајците се приближиле до возилото, осомничената се обидела да ги прегази во рикверц.

Откако повторно ја следеле, полицијата ја откажала потерата по втор пат, пред да и се даде трета шанса да ја приведе жената откако таа паркирала покрај Мекдоналдс.
После „борба“, полицајците на крајот успеале да ја приведат жената, кој беше именувана како Јохана Гардел. Гардел е обвинета за цела низа прекршоци, вклучително и игнорирање на полициски команди да застане, напуштање на местото на злосторството и неуредното однесување.
Не е јасно зошто Гардел решила да се однесува како да има мисија на GTA, но истрагата за инцидентот е во тек.
