Пристигнаа пеколните горешини, па затоа овој доктор ќе ви покаже како да проверите дали сте дехидрирани за само неколку секунди

Сите знаеме дека е важно да останеме хидрирани, а доктор ни објасни како можете да ги проверите нивоата на хидратација на нашето тело за само неколку секунди.

Видеото на TikTok покажува “трик“што ви помага да проверите дали сте хидрирани или не со еден лесен потег. Едноставно стиснете ја кожата на местото каде што се превиткува прстот и забележете дали кожата ќе се врати во првобитната состојба. Ако се врати значи сте хидрирани, ако остане горе, тоа значи дека треба да се напиете вода затоа што вашето тело е дехидрирано.

@dr.karanrDehydration check @remus.bujor ##schoolwithdrkaran ##SimlishSessions ##WorkThisWay ##learnontiktok♬ Steven Universe – L.Dre

Видеото доби многу прегледи, па д-р Рај, во свое видео, реши да ни објасни зошто ова функцонира:

„Колку повеќе сте хидрирани, толку поеластична ќе ви биде кожата, значи кожата ќе се врати во првобитната состојба, ако сте дехидрирани, кожата ја губи својата еластичност и останува горе. Овој тест обично се прави на горниот дел на дланката и зависи од неколку фактори како на пример возраста, но принципот е точен“