Цела зграда во рускиот град Иркутск буквално замрзнала, па жителите никако не можат да се стоплат и живеат со негативни температури во внатрешноста
Во време од годината термометрите во градот Иркутск достигнуваат и до -30 степени Целзиусови.
Цевките за греење на зградата биле оштетени и жителите не знаат кому да му побараат помош. Зградата е во државна сопственост, односно надлежен бил градскиот совет.
Бидејќи случајот стана вест, во меѓувреме, општината започна да ги преселува жителите на зградата, но тој процес трае околу еден месец.