Чудни приказни за интервју за работа што ќе ве остават збунети долго време

Интервјуата за работа можат да бидат различни. Некои прават да се чувствувате сигурни затоа што ги давате вистинските одговори и изгледате беспрекорно, други прават да се чувствувате нервозни и да зборувате за глупости што пак ве тера да сакате да исчезнате од таму што е можно побрзо. Уште полошо, ако потенцијалниот работодавец се покаже како чудак, тоа ја прави оваа задача уште потешка.

Ние собравме неколку приказни од луѓе кои не знаат дали да се смеат или да плачат кога ќе ги слушнат зборовите „интервју за работа“.

  • Имав едно интервју за работа за позиција секретарка. Ме прашаа за моето образование и реков дека имам  диплома од факултет. Нивниот одговор ме шокираше: „Не ни треба толку паметна секретарка“.

 

  • Денес, на интервју за работа, ме замолија да ги покажам последните 10 фотографии на мојот телефон, објаснувајќи го барањето  како проверка на карактер. Им покажав еден куп фотографии од моето куче, менаџерот за човечки ресурси ја отвори оваа фотографија и ме праша со сериозен глас: „Дали ги исековте ушите на вашето куче? Дали затоа носи марама на глава?

  • Имав интервју за работа во мала туристичка агенција. Директорот, кој е и сопственик, рече дека ако ме избере мене, ќе морам да пополнам апликација за вработување и втора за отпуштање, но без датум. Тој ќе ставел датум кога ќе било потребно.

 

  • Отидов на интервју за работа во една компанија. Тие ме замолија да почекам малку во салата. Додека чекав, ми пријде куче. Го поздравив, ја подадов раката кон него, и тој ја лижеше. Почнав да го галам. Испадна дека тоа било кучето на директорот и едно од прашањата на интервјуто за работа е: „Дали се плашите од кучиња?

  • Менаџерот за човечки ресурси ме замоли да седам далеку од него затоа што не сака кога луѓето седат близу. Седев на другиот крај од канцеларијата очајно обидувајќи се да сфатам што мрмори.

 

  • Мојата најдобра пријателка не успеа на интервју за работа. Таа открила зошто кога случајно видела парче хартија каде што менаџерот за човечки ресурси запишувал белешки за кандидатите. Тој за неа напишал: „Од нејзините раце гледам дека самата мие садови“. Да, таа има нормални раце, добро негувани со уреден маникир. Да, самата ги мие садовите. Таа исто така ја чисти куќата, го мести креветот и самата ја чешла косата. Се` уште не ми е јасно зошто барале принцеза што не учествува во домашните работи да ја пополни таа работна позиција.

  • Бев поканет на интервју за работа во друг град. Беше долг пат и времето беше „шармантно“ – дожд со снег. Имав интервју со директорот, тој рече дека е убаво што разговара со мене и ме праша кога ќе почнам да работам. Прашав со изненаден глас , „Ви благодарам што го кажавте сето ова, но ајде прво да разговараме за мојата плата. Се` уште се сеќавам на неговиот одговор: „Не сум ни размислувал за тоа“.