Луѓе споделуваат кои се работите кои сакале да ги знаат порано во нивниот живот

Сите знаеме дека мудроста бара време. Исто како кога сте деца и се горите на печка, па сфаќате дека некои површини се жешки и подобро да се држите настрана од нив, така и за други работи е потребно време и искуство.

Кога корисник на Редит го постави навидум простото прашање: „Што научивте премногу доцна?“, ова потикна многу луѓе да ги споделат своите „доцна научени“ мудрости кои можеби ќе не инспирираат или ќе не` натераат да размислуваме за нашите постапки.

Еве некои од најинтересните одговори.

 

  • Вие не сте обврзани да имате свои деца. Можете да бидете среќни и исполнети без деца.

 

  • Не грижете се ако не живеете возбудлив или екстравагантен живот. Во ред е да живееме едноставно и тивко. Тоа не значи дека си го трошиш животот.

 

  • Треба да знаеш кога да кажеш „не“.

  • Да знаеш како да се извиниш кога си виновен, но и кога не си виновен.

 

  • Вредноста на оддалечувањето од некој токсичен во вашиот живот, дури и ако тоа се вашите родители и семејство.

 

  • Нема сите да ве сакаат, колку и да се трудите.

  • Грижете се за забите.

 

  • Не е погрешно да се премислите.

 

  • Дека психичката и емоционалната злоупотреба се вистинска работа.

 

  • Дека никогаш не е доцна да се научи.

 

  • Ако мразиш луѓе кои се различни само ќе бидеш несреќен.

  • Колку може да биде опасно возењето автомобил.

 

  • Дека некои работи никогаш не можат да се вратат. Дејствата што ги преземате и зборовите што ги кажувате ќе се вратат порано или подоцна.

 

  • Колку е краток животот.

 

  • Да престанете да се плашите да ги правите работите што ги сакате во животот