Самовилата на љубовта (виц)

Маж и жена слават 35-годишнина од свадбата на интимна вечера. Наеднаш пред нив се појавува една самовила и им вели:
– Јас сум самовилата на љубовта. Бидејќи 35 години сте заедно, сега секому од вас ќе му исполнам по една желба.
Жената:
– Јас сакам да отидеме на едно патување со мажот ми!
Самовилата мавта со стапчето и оп! Се појавиле две карти за крстарење во рацете на жената.
Дошол ред на мажот. Се подзамислил тој малку и рекол:
– Ооо, тоа е толку убаво! Се случува само еднаш во животот. Затоа сакам жена 30 години помлада од мене!
Жена му во шок, самовилата – исто. Но желба си е желба – треба да се исполни! Оп! И мажот станал 92 години…