Најубавата плажа во Австралија која до скоро никој не ја знаел
Патниците брзаат кон оддалечената плажа, која е наречена „најубавата“ во Австралија. Фотографот од Сиднеј, Адам Рикис, ја претстави плажата Флерти во неодамнешното видео на ТикТок со наслов „Најдобрата плажа за која што веројатно никогаш не сте слушнале“. Плажата во близина на Поинт Туртон, 232 километри западно од Аделаида, има кристално чисти води и чист бел песок што повеќе личи на она што би очекувале да го видите на Малдивите отколку на полуостровот во Јужна Австралија.