Порано било мучуриште, а денес е бисер на Преспанското Езеро и идеално место за кампери
Крани е старо етнички мешано село во кое отсекогаш сложно живееле православни Македонци и муслимански Албанци. Под различни облици на денешното име (Крахни, Крахани, Груни, Храни, Крајну и Крани) неговото постоење е забележано во повеќе извори од различни периоди.
Крани се наоѓа во југоисточниот дел на Општина Ресен, лоцирано во подножјето на планина Баба, на југозападна страна на Пелистер. Селото нуди голем број на туристички места за посета.
Околните села како Сливница, Љубојно, Штрбово, Брајчино се магнет за провлекување на љубителите на природа. Љубојно им нуди на туристите голем број на културно историски знаменитости како што се Љубојничкиот манастир, спомен плоча за настраданите од Илинденското востание, спомен плоча за загинатите во НОБ и многу други.
Брајчино покрај големиот број на цркви и прекрасен манастир, за вистинска рекреација на туристите им ја нуди Брајчинска река, додека с. Арвати ја поседува Кранска река, која е погодна за туристите и за развој на туризмот.
Денес, Крани е едно од поголемите туристички места на Големото Преспанско Езеро. Во 1978 година, во некогашните цветни ливади и мочуришни места покрај брегот на езерото, било изградено летувалиште во чиј состав има хотел и автокамп со ресторан и други придружни објекти.
Сезоната во Крани започнува од 1 мај, и трае некаде до 1 окромви, а ако вие сте љубители на природата, топло ви прпорачуваме да го посетите кампот и околните места ова лето.