„Она што сме сега ние, еден ден ќе бидеш ти“: Скриени капели во Рим, раскажуваат морничава приказна

„Она што си сега ти, некогаш сме биле ние. Она што сме сега ние, еден ден ќе бидеш ти.“, е натписот што го поздравува гостинот додека неговиот поглед талка низ човечки черепи и коски во римскиот подрум.

Темната Крипта Капучина се наоѓа во темното подземје на црквата со едноставното име Санта Марија дела Консезиона деи Капучини на познатата Виа Венето. Гледано однадвор, изгледа како потполно просечна и веќе видена црква, поради што многумина поминуваат покрај неа, не знаејќи што штотуку пропуштиле.

Криптата се состои од шест помали капели и содржи коски од околу 3.700 тела. За нив се верува дека „припаѓале“ на капучински свештеници кои починале помеѓу 16 и 19 век.

Постојат неколку теории за тоа кој дошол до идеја да ги обедини во смртта, а нашата омилена е онаа за римскиот уметник во бегство и им се придружил на свештениците во бегство од власта. Со текот на времето, неговата имагинација се најде меѓу олтарот и црковните sидови и се роди ова необично ремек-дело.

Само една од шесте капели нема коски, додека другите имаат „тематски“ распоредени коски. Така, во едната се поставени черепите, во другата нозете, во третата карлиците, а може да се видат и мумии на капучините во кафеав фустан со качулка. Сè е внимателно украсено во барокен стил.

Покрај скелетите кои го крадат вниманието, има и бројни уметнички дела од големи италијански уметници, и можете да дознаете многу информации за работата на капучините.

На криптите не им одолеаја ниту познатите писатели и мислители Маркиз де Сад и Марк Твен, кои пишуваа за тоа во своите дела. Де Сад во 18 век напишал дека никогаш не видел нешто поинтересно.

Оваа необична привлечност некои ќе ги воодушеви, а некои ќе ги шокира – но сигурно нема да остави никого рамнодушен. Црквата вели дека намерата не била да се играат со смртта, туку тивко да потсетат на минливоста на (земниот) живот.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.