10 кратки вицови за весел старт на работната недела
– Добар ден! 1 голема ракија.
– Господине, 8 часот е!
– Ооо!!! Добро утро, 1 голема ракија.
– – – – – – –
– Има нештоо невидливо и недопирливо во воздухот, што не прави среќни.
– Љубов?
– Не треси глупости. Wi-Fi.
– – – – – – –
– Докторе, немам повеќе пари и нема да можам да плаќам за лекувањето.
– Тоа е добро, затоа што сте оздравеле!
– – – – – – –
– Тато, нашиот еж од старост ли умре?
– Да, сине. Ако беше помлад, ќе избегаше од камионот.
– – – – – – –
– Тато, тато, а мама зошто те вика „прасе“?
– Затоа што ѝ ги јадам помиите и ѝ ја чистам кочината.
– – – – – – –
– Мора од некаде да се почне! – рекол францускиот кавалер, бакнувајќи и ја раката на дамата.
– – – – – – –
Најтешко е да ѝ објасниш на свекрва дека невестата не е за неа, туку за нејзинот син.
– – – – – – –
Жена јаде сендвич. Мажот ѝ ја прашува:
– Миличка, ти нели не јадеш после 6!
– Ова ми е шестиот, запирам.
– – – – – – –
Кога му даваш на туѓо куче коска, тоа не значи дека потоа ќе ти даде да го погалиш. Истото важи и кога водиш некоја жена во ресторан.
– – – – – – –
23 години живеам до меѓуградската автобуска станица и не се жалам! Повторувам! 23 години живеам до меѓуградската автобуска станица и не се жалам!