На Кинезите им треба болница за опасниот вирус и ќе си ја направат за цели ШЕСТ ДЕНА
Кинески град опустошен од новиот смртоносен вирус планира да изгради болница за шест дена во очаен обид да им помогне на што е можно повеќе луѓе кои го имаат или се сомневаат дека го имаат вирусот.
Владата на Вухан, најголем град покрај реката Јангце со население од 11 милиони, нареди државна градежна компанија да дизајнира и да изгради ургентен центар во Каидијанската област.
Институцијата, наводно, ќе биде моделирана на 2,4 хектари како центарот за привремен третман, кој беше изграден во Пекинг за седум дена за да се справи со САРС во 2003 година и имаше 1.000 кревети.
Во извештајот се тврди дека итна задача му била дадена на Третото инженерско биро на Кина за градежништво, чии вработени се очекува утре да завршат со дизајнирање на болницата.
Повеќе информации за објектот допрва треба да бидат објавени, но во извештајот се вели дека тоа би опфаќало еден до два спрата. Здравствените власти на Вухан изјавија дека денес бројот на пациенти со треска пораснал, а болниците се соочуваат со долги редици и со недостиг на кревети.