Мајка „потонала од срам“ кога нејзината ќерка подарила „нараквица за пријателство“ која ја „земала од мама“

Срцето на Кала Манели застанало кога сфатила дека нејзината 5-годишна ќерка Мајла Ајзенхауер ѝ подарила „нараквица за пријателство“ на својата соученичка. И ова иако не звучи многу страшно сепак „нараквицата“ не е нараквица, туку една од играчките на мама и тато.

26-годишната Кала добила порака од мајката на девојчето кое ја добило нараквицата велејќи ѝ дека нејзината ќерка најверојатно ѝ претурала по работите. Кога ја видела фотографијата која жената ѝ ја испратила сфатила дека Мајла ја го земала пурпурниот силиконски се*с прстен мислејќи дека служи како „нараквица за пријателство“.

Испаничената жена веднаш почнала да ја уверува мајката дека прстенот не е користен и да ѝ се извинува. Сепак другата жена успеала да ја согледа хумористичната страна од приказната.

Откако решиле да ја испрашаат Кала и нејзиниот 29-годишен сопруг Брејди, малата Мајла признала дека ја земала играчката од фиоката до нивниот кревет пред да тргне на училиште.

Мајката на три деца, Кала вели дека ѝ одржале лекција на Мајла и верува дека повеќе нема да „душка“ околу спалната без дозвола. За секој случај родителите велат дека си нашле ново и подобро скришно место за нивните играчки.