Студент изгубил 63 килограми, само со играње на една популарна игричка
Додека многу луѓе даваат пари за фитнес, нутриционисти и различни справи за вежбање, едно момче изгуби тежина на прилично евтин и интересен начин. Томи Монхаус од Лондон изгуби неверојатни 63 килограми за една година едноставно играјќи ја популарната игра за мобилни телефони, Покемон ГО.
Како што многу луѓе знаат, Покемон ГО се состои од вас физички да излегувате и да шетате наоколу за да фатите ликови на улица; нешто што очигледно не можете да го направите од вашиот кауч. Имајќи го ова предвид, Томи – кој тежел околу 158 килограми, решил да ја игра играта иако веќе бил обожавател на Покемон.
Откако ја симнал играта Томи поминал надвор 3 часа иако очекувал да биде надвор до 30 минути. Кога сфатил колку ужива во играта си поставил цел да изгуби тежина.
По една година Томи изгуби 63 килограми и вели дека играта имала „најголемото влијание врз неговиот живот“. Томи додаде дека се чувствува среќен со себе, се чувствува физички силен и физички подобро.