И на хероите им треба одмор! По 14 напорни часа оваа фотографија ги разнежни срцата на сите

Овие неколку денови пожарникарите се нашите вистински херои како и сите оние кои напорно со нив се борат да го спасат ова парче земја. Иако сите знаеме дека немаме модерни возила и технологија и слични средства за да се справиме со пожарите сепак не треба да се заборави дека и покрај лошите услови некој сѐ уште си го става животот на конец.

На оваа #ФотографијаНаДенот, тројца струмички пожарникари по 14 часа надчовечки напори во гаснењето на пожарот во близина на Делчево, целосно исцрпени земаат оддишка пред новите битки со огнената стихија. – Објави Дојче Деле.

Целосната вест може да ја погледнете на следниот ЛИНК.