Жена купила ланче во спомен на починатата баба, а од она што го нашла внатре ја полазиле морници
Клиентка на Амазон од Канада откри нешто многу вознемирувачко откако нарачала ѓердан во кој имала намера да стави пепел од баба ѝ.
Надин Рој, од Гатино, Квебек, го купила приврзокот во форма на пеперутка како спомен на нејзината сакана баба која починала неодамна, но останала запрепастена од она што го нашла внатре.
Во ѓерданот што Надин го купила, веќе ги имало кремирани остатоци со мали, но видливи влакна од човечка коса испреплетени во купот пепел.

Опишувајќи го своето искуство таа напиша:
„Мислам дека ќе повратам. Јас не знам што да правам. Ова е неприфатливо“.
Надин објасни дека сфатила дека нешто не е во ред кога слични приврзоци купени за нејзиниот брат и мајка пристигнале целосно завиткани во пластична амбалажа, додека нејзиниот гo добила во обична ќесичка.
