Еве зошто не треба да си играте мајтап со бесен бик

Инцидентот се случи во Престон, Ајдахо, САД, во четвртокот, 29 јули.  Бесниот бик се фрли во трибините речиси прескокнувајќи ги безбедносните бариери.

За секој што некогаш се запрашал како изгледа бесен бик да трча кон вас, имате среќа. Еден гледач кој случајно се наоѓал на вистинското, или погрешното, место, снимал додека се одвивал драматичниот инцидент, и снимките ги објавил на Јутјуб.

Снимката, снимена од Роберт Хуго, покажува како бикот трча низ арената откако го соборил својот јавач, додека друг каубој се обидува да го совлда, но безуспешно. Лутиот бик се затрчува кон трибините и речиси успева да скокне над безбедносната ограда поставена пред гледачите.

Ова е една причина повеќе зошто треба да се забранат овие опасни борби со бикови.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!