Армијата на Македонија одбележува 29 години постоење, каде започна, а каде е денес?
На 17 ноември 1991 година Собранието го усвојува Уставот на Република Македонија, со што Македонија станува суверена, самостојна, демократска и социјална држава, а одбраната на државата се организира со сопствени вооружени сили.
На 21 февруари 1992 година претседателот Киро Глигоров и претставниците на федералната армија потпишаа договор за дислокација на ЈНА од Македонија. На 27 март 1992 година последниот војник ја напушти македонската територија.
Македонските војници организирани во територијална одбрана успешно ги преземаа и обезбедија границите и воените објекти на Република Македонија. По завршувањето на сите подготовки за прием на првата генерација македонски војници во АРМ, во април 1992 година, во касарната во Охрид пристигнува првиот регрут од Велес, а потоа во касарните во Скопје, Битола, Штип и Охрид е примена првата генерација млади војници во АРМ со што и започнува формирањето на вооружените сили на Република Македонија. Денес Македонија, заедно со уште 29 земји, е дел од најголемиот колективнен безбедносен систем НАТО.
За роденден на Армијата е избран 18 август, денот кога во 1943 година на Славеј Планина бил формиран баталјонот „Мирче Ацев”, кој се смета за првата организирана воена формација на НОВ на Македонија.