Иновација на руските патишта: Паметни знаци за ограничување на брзината и лепење казни
Знаците детектираат дали врне снег или дожд и во таков случај покажуваат ограничување 40, а инаку 60. На 100-тина метри понатаму има поставено автоматски камери, кои сликаат и праќаат казни на домашна адреса.
Ова звучи навистина паметно, да го нема она руското во себе. Еден возач подзастана да сними како се однесува знакот. Бидејќи технологијата е работена, недоработена, знакот се менува ту 40, ту 60, па ако видиш 60 и возиш над 40, казната ти е речиси загарантирана.