Женет маж на исповед (виц)
Женет маж оди во црква да се исповеда:
– Флертувам со една жена.
– Многу ли се зближивте? – го прашува свештеникот.
– Па, се среќаваме често… се држиме за рака, се триеме еден со друг… но уште не сме се…
– Чадо, триењето ти е исто како и ставањето! Ќе ја кажеш „Оче наш“ 5 пати и ќе оставиш 1000 денари во кутијата за донации.
Човекот ја кажал молитвата и се упатил кон излезот, но свештеникот кој го набљудувал цело време истрчал брзо и подвикнал:
– Ве видов, ве видов! Не ставивте 1000 денари во кутијата.
– Оче, не ставив, ама ги протрив. Вие нели ми објаснивте дека трењето било исто како ставањето!