Како да воспиташ современ тинејџер? (виц)

Се враќам вчера доцна, поминувам преку детското паркче пред зградата, а таму двајца тинејџери се разгаламиле и секој втор збор – пцовка. Им велам:
– Деца, пополека со пцовките!
А едниот ме погледнува злобно и вели:
– Ај гледај си ја твојата работа бе старчак! Што ќе ми направиш?!
– Што ли? Ќе ти залепам еден шамар да не знаеш како се викаш!
А тој скокнува со телефонот, го насочува кон мене, ми доаѓа блиску до лицето и вели:
– Ај повтори пак! Сега си во живо на интернет и 300 луѓе те гледаат!
Добро е што сум човек со смисла за хумор па реков:
– Добро, повторувам за сите што ме гледаат. Му реков на овој дечко што ме снима дека не е културно на јавно место да се лапа со својот другар!
Да го видевте само како брзаше да го исклучи телефонот…