Креативен Јутубер ни кажува на што потсетуваат границите на секоја земја во Европа, еве што вели за Македонија

Дали некогаш сте погледнате кон небото и сте ги барале формите на кои ве потсетуваат облаците? Луѓето имаат тенденција да идентификуваат форми со работи кои им се познати па затоа облаците ни изгледат на сладолед, дрво или на некое животно.

Но што е со границите на Европа? Креативниот Јутубер Закабер на својот канал објави видео во кое ни кажува на што го потсетуваат границите на сите земји во Европа.

Според него Босна и Херцеговина изгледа како вселенско летало, Бугарија на разиграно маче, Хрватска на змеј, Италија, секако личи на чизма, а Србија на диносаурус.

За Македонија тој вели дека го потсетува на мозок или можеби на карфиол. На крај се одлучува дека нашата земја сепак личи на еден огромен карфиол.