Стриптиз на погреб: Кои се најуникатните погребални традиции од целиот свет?
Насекаде има различни начини да им оддаде почит на починатите најблиски, а оние како Кина, Тибет и Јужна Кореја имаат исклучително уникатни традиции.
Овде во Македонија, луѓето се збогуваат со починатиот со одржување погреб, често проследено со помени кога луѓето се собираат за да оддадат почит на личноста што починала.
Од друга страна, мексиканските семејства оддржуваат бдение што може да трае до два дена, каде што јадат, пијат и носат подароци за семејството на починатиот.

Многу луѓе ширум светот може да изберат да го кремираат својот починат член на семејството или пријател и обично ја расфрлаат пепелта или ја чуваат во урна. Меѓутоа, во Јужна Кореја, некои пепелта ја ставија во привезок за потоа да ја носат како ѓердан.
Ова не е модна работа, идејата се појави во 2000 година, откако јужнокорејската влада бараше секој што ќе закопа човек таа година да го отстрани гробот 60 години по погребот поради недостаток на простор на гробиштата во земјата.
Во Тибет имаат нешто познато како погреб на небото, каде што починатиот се остава на планинскиот врв за да се распадне. Така телото ќе биде изложено „на елементите“ или ќе биде изедено од животни. Ова треба да биде „последен чин на великодушност“, така што лицето ќе остане без гревови. Штом тоа се случи, остатоците од телото се собираат и се горат.

Во меѓувреме, во Скандинавија, чамците играат витална улога во погребот. Следејќи ги нордиските традиции, луѓето се закопуваат во чамец, но не се ставаат во вода. Тоа е затоа што, според Универзитетот во Саутемптон, „за време на праисторијата и средниот век во Скандинавија, бродот бил неопходен предмет во секојдневниот живот.“ Поради тоа, тој бил прифатен како „знак и се појавил во духовната култура како манифестација на нешто“
Потоа, тука е Кина, земја во која погребите со голема посетеност се гледаат како знак на почит кон починатиот. Во обид да ги охрабри луѓето да присуствуваат, семејството понекогаш ангажира стриптизети.

Пред неколку години беше објавено дека кинеското Министерство за култура се обидува да ја спречи оваа необична традиција. Со таа цел постои специјална телефонска линија за членовите на јавноста да се јавуваат и да известуваат за случаи на употреба на стриптизети за погреб, во замена за парична награда.
