Вооружени Талибанци се забавуваат на шарени педалинки

Неодамнешните снимки покажуваат вооружени талибански сили како уживаат на сонце додека возат педалинки во провинцијата Бамјан.

Абдол Хамид, еден од талибанските борци, изјави: „Дојдовме тука да се забавуваме“, по фотографиите на вооружената група кои беа споделени на Твитер.

Во средината на планините Хинду Куш, националниот парк Банд-Амир има шест длабоки езера кои некогаш биле популарни меѓу  странските, како и домашните туристи.

 

Вработениот кој е задолжен за педалинките во националниот парк, Замин Махмуди, ги истакна своите грижи за настанот.

Махмуди рече: „Туристите се загрижени дали Талибанците ќе им предизвикаат проблеми“.

 

„Кога изнајмувам брод, се плашам да побарам пари од Талибанците. Воопшто немам надеж дека ќе останам тука“, додаде тој. „Талибанците носат оружје, па дури и пукаат. Луѓето и семејствата кои доаѓаат тука се чувствуваат преплашено и се враќаат во своите градови“.

 

 

Додека десетици исламски милитанти навидум уживаа во денот на сонце, протестите низ Авганистан за еднакви можности за образование за момчињата и за девојчињата не стивнуваат.

Иако Талибанците претходно ги уверуваа луѓето дека девојчињата ќе имаат еднаков пристап до образование, но ќе треба да бидат раздвоени од момчињата и ќе ги подучуваат само професорки, притоа почитувајќи ги строгите исламски кодекси на облекување, тие оттогаш го повлекоа својот збор.

Талибанците сега им забранија на девојчињата да посетуваат средно училиште, а во соопштението објавено на 17 септември, талибанското министерство за образование рече: „Сите машки наставници и ученици треба да ги посетуваат нивните образовни институции“.