Луѓето сподлеуваат кои се малите работи што ги правеле постарите генерации среќни, а младите денес никогаш нема да ги разберат

19-от век им донесе на луѓето индустриска револуција и нов начин на живот. Жезницата, на пример, целосно го трансформираше патувањето за оние што се родени кон крајот на Наполеоновите војни.

Овие промени беа многу потешки за постарата генерација, но тие само продолжуваа да доаѓаат.

Постои очигледна паралела со денешницата: технологијата го преобликува светот, не` принудува постојано да се држиме во чекор, да се прилагодуваме и да го оставиме минатото за историските книги.

Заинтересирани за разликите во генерациите што ги носи технологијата, прашавме неколку постари луѓе: „Кои се малите работи што ги правеле постарите генерации среќни кои младите денес никогаш нема да ги разберат?“ и добивме одговори кои ќе не однесат на едно патување низ времето.

  • Да можете да бидете идиот во вашите тинејџерски години и да не се грижите дали ќе ве снима некој и дека ќе ве има на интернет засекогаш.

 

  • Порано верувавме дека светот станува подобар, а не полош.

 

  • Трескање на слушалката на фиксен телефон. Притискањето на црвеното копче не е толку задоволувачко.

 

 

  • Убавината да се биде недостапен.

 

  • Цртани филмови во саботата наутро. Ми недостасува да седам пред ТВ и да јадам житарки и да гледам „Том и Џери“, „Нинџа желки“, или што и да се емитуваше во саботата наутро. Потоа, ќе се качев на мојот велосипед и ќе отидев до куќата на другар ми каде што си игравме до зајдисонце.

 

 

  • Фотографирање и потоа чекање да се развијат фотографиите за да видиш дали испаднале добри.

 

  • Родителите не знаеле каде се нивните деца, но им верувале дека нема да се најдат во опасни ситуации и дека нема да прават нешто што не треба.

 

  • Мораше да го купите целиот албум за да слушнете една песна што ви се допаѓа, или да чекате да излезе на радио и да ја снимите. Пропуштањето на кој било дел од песната беше неприфатливо, и требаше да чекате додека не се пушти повторно.

 

 

  • Уличните светилки значат дека е време да си одите дома.

 

 

  • Не можеше да гледаме што сакаме кога сакаме. Моравме да го побараме распоредот на емисиите во ТВ програмата.

 

  • Да не знаеш кој се јавува … дали тоа е твојот симпатија? баба ти? пријателка на мајка ти ???

 

 

  • Се среќавате со пријател на кино и немате начин да комуницирате откако ќе излезете од дома. Вашиот пријател не се појавува. Дали доаѓа? Дали треба да продолжам да чекам и да стојам на точното место за кое се договоривме? Дали умрел? Дали заборавил?

 

 

  • Нешто што се вика енциклопедија

 

 

  • Како се снаоѓавме без GPS навигација.

 

  • Мора брзо да земете грицки и пијалок пред да завршат рекламите за да не пропуштите ни секунда од филмот.