Овцата и Мерцедесот (виц)

Стопира еден овчар со една овца на патот и му застанува еден Мерцедес. Возачот го прашува:
– Дедо, тебе ќе те качам, ама овцата?
– Немај гајле за овцата, ќе си трчка таа позади.
Седнува овчарот во Мерцедесот и возачот тргнува со 10 км/ч. Гледа назад, овцата си трча. Забрзува на 40, овцата уште трча, не се дава. Крева 100 овцата ете ти ја веднаш по Мерцедесот, трча ли трча. Изнервиран возачот крева 180 и гледа овцата го исплазила јазикот. Задоволен вели:
– Дедо, твојата овца го испружи јазикот…
– На која страна?
– Па на лево.
– Ааа… претицува…