Денот на венчавката ѝ бил најголема трагедија, а по еден месец животот ѝ тргнал по нов пат
Жена од Ирска во краток временски период доживеала и многу лоши и добри работи. Кит Квилиган требала да се омажи за 20-годишниот Мајлс Харти на 21 август. Ноќта пред венчавката, Харти се возел со пријателите до соседниот град, доживеале сообраќајка и Мајлс починал на денот на венчавката.
Кејт, роднините и пријателите на Харти го погребале на 24 август. Според Квилиган, по инцидентот, таа се чувствувала уништена и не можела долго време да закрепне. Меѓутоа, еден месец по смртта на Мајлс, дознала дека чека бебе. Кејт ја сподели добрата вест на социјалните мрежи на 21 септември.
„Мојот Мајли не можеше да ме остави сама на оваа земја, па ме благослови со нашето чудо од дете“, напиша Квилиган. Таа додаде дека таа и Харти отсекогаш сакале деца, а сега нивниот сон се остварува.











