Поранешна веганка открива зошто денес јаде сурови органи
Ерика Добек, која на интернет се претставува со морничавото име кое ни открива се`, EricaEatsOrgans, собира илјадници следбеници додека ги споделува деталите за нејзината необична диета, која вклучува не само јадење сурово месо, туку јадење сурови органи.
Тоа е силен контраст од начинот на исхрана кој го практикувала пред само неколку години, кога се откажала од сите производи од животинско потекло за да стане веган.

Во неодамнешното видео на „Тикток“, 22-годишната Ерика објасни дека веганството на почетокот и било „корисно“, правејќи ја да се чувствува „полна со живот и енергија“, и ја направило нејзината кожа „блескава“. Меѓутоа, по една година на исхрана базирана на растенија, таа престанала да има менструација и почнала да добива „лоши цистични акни“.
Откако дерматолог ја известил Ерика дека „има недостаток на цинк“ и дека треба да започне да јаде некои производи од животинско потекло, па затоа таа направила некои истражувања што довеле до тоа да дознае за практиката на јадење сурово месо.

Видеа на Јутуб ја убедиле Ерика да се обиде со овој начин на исхрана, иако таа ги уверува сите дека се` уште јаде „нормална храна“, покрај органите, кои редовно ги консумира. Таа објасни дека понекогаш го готви месото, но открива дека суровото и дава чувство на „еуфорија“.
Ерика вели дека таа ги гледа органите како алтернатива на земање суплементи и објасни дека суровото месо не ја разболува затоа што полека го зголемувала внесот и е свесна за квалитетот на месото што го купува.
Невообичаената „диета“ на Ерика не завршува со органи, бидејќи таа се изјасни дека јаде пилешки стапала и многу други „чудни“ комбинации на храна.
