Британците стануваат нервозни поради недостатокот на гориво, тепачките на бензинските се честа појава деновиве
Чекањето неколку часа за да го наполните резервоарот, несомнено ќе предизвика нервоза. Ова е особено точно за Британците кои секојдневно ги губат нервите поради недостатот на гориво во државата, што доведува до физички пресметки на бензинските.
Особено било напнато во Велинг, југоисточен Лондон, каде што еден возач му се закани на друг со нож.
Видеото прикажува човек како вика кон друго лице, кое е во автомобил, додека држи нож во десната рака. Друг кадар го покажува лицето во автомобилот како се обидува да избега од човекот со ножот кој се фрла на хаубата на автомобилот, a потоа со нога го крши левиот ретровизор.
Лондонската полиција добила пријава за инцидентот, но не е пронајден ниту еден од возачите кои учествувале во конфликтот.
