Човек се обидел да прошверцува килограм злато преку граница во неговиот…па најверојатно претпоставувате што
Маж е уапсен во Индија, откако се обидел да прошверцува скоро килограм „златна паста“ преку аеродром, криејќи ја во неговото тело.
Идентификуван како Мохамед Шериф, патникот патувал од аеродромот Имфал, во североисточната област Манипур, до главниот град на земјата Њу Делхи, кога бил предмет на претрес од страна на Централните индустриски безбедносни сили на Индија (ЦИБС).
Безбедносната проверка пред поаѓање открила присуство на метал во неговото тело. По првичното испрашување, Шериф, од Кожикоде во јужната област Керала, бил однесен во просторијата за медицински преглед за да направи рендген снимка, која открила дека тој крие „метални предмети во телесна празнина“.

Рендген снимките покажале големи грутки златна паста во ректумот на Шериф, иако патникот им рекол на полицајците дека само го носи златото и дека не го поседува.
Шериф наводно признал дека носел злато во форма на паста во ректумот, по што агенцијата открила четири пакети жолта метална паста, тешка вкупно 909,68 грама. Според соопштението од ЦИБС, вредноста на металот е околу 4,2 милиони рупии, или приближно 48,000 евра.

Откако материјалот бил отстранет од неговото тело, Шериф бил пренесен во царинскиот оддел на аеродромот Имфал за понатамошно испитување.
