Поранешна принцеза на Дизни открива на кој лик најмногу се „палат“ татковците кои го посетуваат забавниот паркот

Поранешна вработена во Дизни отвоено зборува за „морничавите татковци“ со кои се соочувала за време на нејзината работа во „најмагичното место на Земјата“.

Сара Даниелс ги користи социјалните мрежи за да одговори на прашања поврзани со рабтата во Дизниленд.

31-годишната „поранешна принцеза на Дизни“, исто така, одговара на прашања за помалку волшебните аспекти на работата, вклучително и како реагира кога во близина има непосакувани додворувачи.

Сара призна дека таа секогаш била „зачудена“ од ваквото однесување, и обично би ги пренасочила таквите лица кај нејзиниот надзорник, доколку има проблеми.

Таа објасни дека тоа е затоа што, како професионална принцеза на Дизни, „не треба да кажуваш не“:

„Зборот „не“ го нема во вашиот вокабулар. Мора да најдете начини околу „не“ како што знаете и умеете. „Ѕвончица, може ли да леташ за нас?“ „Па, самовила Мери не би сакала затоа што тогаш нема да имам доволно сила за да се вратам бла бла бла“.

Сара исто така се осврна на прашањето дали морничавите татковци ѝ се додворуваат поради костимот кој го носи, или едноставно затоа што е привлечна жена.

Размислувајќи за ова „уникатно прашање“, Сара одговори:

„Ако фраерите наумат, ќе ве се додворуваат без разлика дали сте во костим или не. Но, има многу моменти, особено облечена како Ѕвончица, кога мажи, женети мажи, ми ги даваа клучевите од нивната хотелска соба за да ги посетам после работа“.